
Лишен од слобода возач на патот Св.Николе – Пробиштип, физички нападнал полициски службеник и возел под дејство на алкохол, поднесена кривична пријава, одреден притвор
На 23.01.2023 година во 05.55 часот на регионален пат Свети Николе – Пробиштип од страна на полициски службеници од Свети Николе било сопрено возило управувано од М.П.(32) од Пробиштип по претходно добиени оперативни сознанија дека истиот се движи кон Свети Николе со намера да изврши кривично дело. Откако било сопрено возилото кое го управувал М.П. излегол од истото и започнал недолично и агресивно да се однесува кон полициските службеници, при што физички нападнал еден полициски службеник.



























