Русија најави изградба на нови утврдувања и бариери на границата со Финска, поради влегувањето на нордиската земја во НАТО и можни „непријателски акти“ од Хелсинки, објави Kyiv Post. Овој потег следи само неколку дена откако НАТО отвори нов регионален команден центар за копнените сили во финскиот град Микели, на 140 километри од руската граница.
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, по инспекција на граничниот премин во Светогорск, истакна дека Москва мора да се подготви за потенцијални закани и дека пристапувањето на Финска во НАТО бара промени во воениот пристап кон границата. „Се градат ѕидови и бариери. Треба да ја зголемиме сигурноста на државната граница“, рече Медведев.
Минатиот месец, и Финска најави изградба на ограда од 200 километри на границата со Русија, која треба да биде завршена до крајот на 2026 година. Финска и Шведска станаа членки на НАТО во март 2024 година, одлука донесена поради загриженоста за безбедноста по руската инвазија на Украина во 2022 година. Кремљ долго време се противел на проширувањето на НАТО кон исток, гледајќи го како закана за националната безбедност.