УТРО.мк

Русија и Кина планираат огромен проект – Путин и Си Џинпинг си подадоа рака

Русија и Кина планираат огромен проект – Путин и Си Џинпинг си подадоа рака
Vero

Русија и Кина усвоија заеднички план за унапредување на транспортот преку Северниот морски пат.

„Целта на изработката и усвојувањето на акциониот план е воспоставување одржлив транспортен коридор, а соработката предвидува примена на современи логистички и технолошки решенија со цел зголемување на ефикасноста на транспортот и реализација на капитални проекти“, соопштија од руската државна корпорација „Росатом“.

Документот бил усогласен на второто заседание на Поткомисијата задолжена за соработка на Северниот морски пат, во рамки на Руско-кинеската комисија за подготовка на редовните состаноци на премиерите, што се одржа во Харбин.

Од руската страна со состанокот претседаваше генералниот директор на „Росатом“, Алексеј Лихачов, а од кинеската – министерот за сообраќај на Кина, Лиу Веи.

Лихачов изјави дека Русија и Кина оваа година ќе постават нов рекорд во контејнерскиот превоз долж Северниот морски пат, со обем кој потенцијално може да ја надмине бројката од 400.000 тони.

Северниот морски пат претставува најкратка пловна рута меѓу западниот дел на Евроазија и азиско-пацифичкиот регион, како и традиционална национална транспортна траса на Русија, со вкупна должина од околу 5.600 километри.

Според податоците на „Росатом“, во 2024 година обемот на товарниот сообраќај долж оваа рута достигнал нов рекорд — речиси 37,9 милиони тони, што е за повеќе од 1,6 милиони тони повеќе во споредба со претходниот рекорд.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран