УТРО.мк

Хуманитарна мисија во Херсон цел на руски напад

Хуманитарна мисија во Херсон цел на руски напад
Vero

Руски воени сили утрово го нападнаа хуманитарниот конвој на Обединетите нации во населеното место Билозирка, регион Херсон, користејќи беспилотни летала и артилерија, објави началникот на Регионалната воена администрација, Олександр Прокудин.

Четири возила на мисијата за хуманитарна помош беа погодени, при што едно камион целосно изгоре, едно е сериозно оштетено, додека останатите два успеаја да се повлечат. Никој од персоналот на конвојот не е повреден.

„Русија повторно го покажа своето вистинско лице со напад врз хуманитарна мисија. Овие четири возила беа јасно обележани и не носеа воена опрема, туку хуманитарна помош за локалното население“, изјави Прокудин.

Координаторот на ОН за Украина, Матијас Шмале, осудијќи го нападот, истакна дека хуманитарните работници се под заштита на меѓународното хуманитарно право и никогаш не треба да бидат цел на напади.

Според локалните власти, во нападот не е пријавена ниту една жртва, но неколку тони хуманитарна помош се уништени.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран