Русија воведе нов вид на водена клизна бомба – UMPB-5 – која веќе била употребена при напади врз украинските региони Суми и Харкив. Станува збор за нова генерација на „паметни“ бомби со долг дострел и голема разорна моќ, наменети за напади од безбедна дистанца.
Според анализата на американскиот тинк-тенк FDD, Москва се обидува да компензира за неуспесите во неутрализирање на украинската противвоздушна одбрана со производство на евтини, но далекусежни типови бомби кои не бараат директен влез во непријателскиот воздушен простор.
Бомбата UMPB-5 се смета за еволуција на претходниот модел D-30SN и има бојева глава од околу 250 килограми – дури 2,5 пати потешка од нејзиниот претходник. Во еден од нападите на Харкив на 24 јули, една таква бомба погодила болница.
Во јули 2025 година, Украина регистрирала просек од 160 вакви бомби дневно – осумпати повеќе од истиот период лани. Во игра се и други евтини варијанти на вооружување, меѓу кои и нови крстосувачки ракети што Русија ги прилагодува за дронови.
Иако оружјето сè уште е во тест фаза, стравувањата растат: со поголем домет, потешка глава и можност за масовно производство, UMPB-5 може да стане клучно руско средство за притисок врз украинската инфраструктура и цивилни цели.