УТРО.мк

Расте бројот на загинати во пожарот во швајцарски бар

Расте бројот на загинати во пожарот во швајцарски бар
Vero

Швајцарија се соочува со тешка национална трагедија по катастрофалниот пожар што избувна во барот „Ле Констелејшн“ за време на новогодишната ноќ. Според првичните информации на швајцарските власти, загинале најмалку 40 лица, но бројот на жртви продолжува да расте. Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани соопшти дека, според нивните процени, досега животот го загубиле 47 лица.

Голем дел од настраданите се странски државјани, поради што трагедијата доби и меѓународна димензија. Италија веднаш се вклучи во спасувачките и медицинските операции. Меѓу 12 и 15 италијански државјани се хоспитализирани во Швајцарија, додека ист број лица сè уште се водат како исчезнати. Поради тежината на повредите, Италија испрати хеликоптери од Ломбардија за транспорт на тројца критично повредени пациенти со тешки изгореници, кои ќе бидат лекувани во специјализираниот центар „Нигуарда“ во Милано.

Според полицијата на кантонот Вале, пожарот бил пријавен околу 01:30 часот по полноќ. Иако итните служби пристигнале за само неколку минути, пламенот веќе го зафатил поголемиот дел од објектот. Досега се регистрирани околу 115 повредени лица, од кои многумина се во критична состојба.

Швајцарскиот претседател Ги Пармелин трагедијата ја опиша како „невидена и ужасна“, најавувајќи петдневна национална жалост. Во тој период, знамињата низ целата држава ќе бидат спуштени на половина копје.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран