Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија успешно го спровела завршниот тест на новата крстосувачка ракета со нуклеарен погон „Буревестник“, која НАТО ја означува со името „SSC-X-9 Skyfall“.
Путин потврди дека тестирањето било успешно и нагласи дека станува збор за ракета со долг дострел, која не само што може да носи нуклеарна боева глава, туку и сама е на нуклеарен погон, пренесува DW.































