Украински дрон удрил во минибус во Брјанската област, при што загинал возачот, а пет лица се повредени, соопшти гувернерот на југозападниот руски регион кој граничи со Украина.
Сите повредени се префрлени во локална болница, изјави гувернерот Александар Богомаз преку апликацијата Телеграм.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта армиските сили пресреле вкупно 193 украински беспилотни летала.
Од вкупниот број, најмалку 47 дрона биле над Брјанската област, а 40 над Московската област.
Повеќето пресретнати дронови се движеле кон главниот град, според податоците на руското Министерство за одбрана.































