И покрај примирјето, израелската војска изврши три воздушни напади врз згради источно од Хан Јунис, во јужниот дел на Газа.
Во меѓувреме, израелски дронови погодиле подрачје во близина на камповите за раселени лица кај раскрсницата Шуджаја, пренесува Ал Џазира Арабик. Израел тврди дека целта се палестински групи кои планираат напади.
Хамас соопшти дека нападите се јасно кршење на договорот за примирје, при што биле убиени цивили, и го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за саботирање на мировниот план предводен од САД. Покрај тоа, израелските сили спровеле и рации на повеќе локации низ окупираниот Западен Брег.
Според WAFA, четири лица биле уапсени во градот ал-Бире и израелските сили нападнале син на еден од притворените мажи за време на апсењето.































