Русија ќе преземе активна улога во организирањето безбедноста на можната посета на претседателот Владимир Путин во Будимпешта, со оглед на минатите обиди за атентат, изјави пратеникот Алексeј Чепа. Тој оцени дека состанокот меѓу Путин и Трамп е изненадување не само за украинскиот претседател Зеленски, туку и за европските лидери.
Чепа го критикуваше германското тврдење дека Унгарија мора да ги почитува условите на Меѓународниот кривичен суд, нарекувајќи го тоа апсурдно. Тој нагласи дека Русија ќе бара најдетални безбедносни подготовки и нема едноставно да го предаде својот претседател на другите.
На 16 октомври, Путин и Трамп одржаа двочасовен разговор, договорувајќи се прво да организираат состанок на министри за надворешни работи, а потоа лична средба во Будимпешта.