Путин го разреши министерот за сообраќај Роман Старовојт
Претседателот на Русија, Владимир Путин, донесе одлука за разрешување на министерот за сообраќај, Роман Владимирович Старовојт. Одлуката, која е објавена во официјален документ, стапува на сила со денот на нејзиното потпишување.
„Да се разреши Роман Владимирович Старовојт од функцијата министер за сообраќај на Руската Федерација“, се наведува во указот.
Старовојт беше именуван за министер во мај 2024 година. Претходно, од октомври 2018 до мај 2024 година, тој беше на чело на Курската област – прво како вршител на должност, а подоцна како избран гувернер.
Од Кремљ засега не се соопштуваат дополнителни информации за причините зад смената.