Во рамки на посетата на општина Бутел, Орце Ѓорѓиевски оствари средба со пензионерите и го посети локалниот пазар, каде што разговараше со граѓаните за нивните секојдневни предизвици и потреби.

„Тие се луѓето кои со години ја градеа Македонија, чекор по чекор. Нивната мудрост и искуство се основа врз која го темелиме нашиот план за иднината“, истакна Ѓорѓиевски.
Тој посочи дека грижата за пензионерите нема да остане само на зборови, туку ќе се претвори во конкретни мерки и проекти насочени кон подобрување на квалитетот на нивниот живот.

„Со внимание ги слушнавме нивните предлози – затоа што нивниот глас заслужува да биде слушнат со почит, а нивната иднина сигурна“, додаде тој.
Според него, Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски веќе покажала дека се грижи за постарите генерации, а таа практика ќе продолжи и на локално ниво.
Ѓорѓиевски најави дека ќе продолжат средбите на терен и изработката на програма што ќе биде креирана врз основа на реалните потреби на граѓаните, со цел – Скопје да прерасне во град во кој секој пензионер ќе се чувствува вреднувано и почитувано.