УТРО.мк

Протести во Лондон – Стотици уапсени

Протести во Лондон – Стотици уапсени
Vero

Британската полиција соопшти дека над 425 лица биле приведени на вчерашниот протест во Лондон во поддршка на забранетата организација „Дејствувај за Палестина“ (Palestine Action), прогласена за терористичка од британската влада.

Од приведените, 25 лица се уапсени поради насилство врз полициски службеници. Организацијата, која во јули годинава беше забранета поради инциденти во базата на Кралските воздухопловни сили, често ги таргетира британските одбранбени компании поврзани со Израел и ја обвинува Лондон за соучесништво во наводни воени злосторства во Газа.

Во последните недели, полицијата спровела масовни апсења на поддржувачи на „Дејствувај за Палестина“, меѓу кои и повеќе од 500 лица за еден ден минатиот месец, а многу од приведените се постари од 60 години.

Случајот повторно ја става Велика Британија во фокусот на дебата за безбедноста, тероризмот и слободата на протест.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран