УТРО.мк

Прогласен добитникот на Нобелова награда за мир

Прогласен добитникот на Нобелова награда за мир
Vero

Норвешкиот Нобелов институт го прогласи добитникот на Нобеловата награда за мир за оваа година – Марија Корина Мачадо, лидерка на венецуелската опозиција. Таа ја доби наградата за својот труд во промовирање на демократските права во Венецуела, соопшти претседателот на Нобеловиот комитет, Јерген Ватне Фриднес.

Мачадо е родена во 1967 година и била пратеник во венецуелскиот парламент од 2011 до 2014 година. Фриднес ја опиша како „храбар и посветен застапник на мирот кој ја одржува светлината на демократијата“.

За наградата годинава биле номинирани 338 кандидати, меѓу кои 244 лица и 94 организации. Заклучно со 2024 година, Нобеловата награда за мир е доделена 105 пати, на 142 лауреати – 111 индивидуалци и 31 организација.

Наградата за 2024 година, исто така, ѝ е доделена на Јапонската конфедерација организации на жртви од атомски и водородни бомби (Nihon Hidankyou) за нивните напори за свет без нуклеарно оружје и за заштита на преживеаните од Хирошима и Нагасаки.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран