УТРО.мк

Претседателот на Израел: Операцијата беше одговор на егзистенцијална закана – Израел секогаш ќе се брани

Претседателот на Израел: Операцијата беше одговор на егзистенцијална закана – Израел секогаш ќе се брани
Vero

Херцог: Операцијата беше одговор на егзистенцијална закана – Израел секогаш ќе се брани

Израелскиот претседател Исак Херцог се огласи на социјалната мрежа Икс по повод ноќниот напад врз Иран, нагласувајќи дека станува збор за „прецизна и одбранбена операција“ спроведена во одговор на „непосредна и егзистенцијална закана“ по израелскиот народ.

„Меѓународната заедница беше сведок на тоа како иранскиот режим – предводник на глобалната империја на терор – систематски го радикализира и дестабилизира регионот преку своите сојузници, додека паралелно неуморно работи на развојот на нуклеарни воени капацитети и проширување на арсеналот со балистички ракети“, напиша Херцог.

Тој потсети дека иранските власти со години отворено ја изразуваат намерата да ја уништат Државата Израел, додавајќи дека режимот „систематски се подготвува таа закана да ја претвори во реалност“.

„Израел има природно и легитимно право да се брани – и тоа ќе го прави секогаш решително и недвосмислено“, подвлече Херцог.

Во својата изјава, израелскиот претседател ја изрази надежта дека операцијата ќе биде пресвртница за Блискиот Исток и ќе го насочи регионот кон „помирна и просперитетна иднина“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран