УТРО.мк

Пресврт во Иран: Техеран наводно прифаќа преговори со Вашингтон

Пресврт во Иран: Техеран наводно прифаќа преговори со Вашингтон
Vero

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, наводно се согласил да започне преговори со САД, објави Ал Арабија, повикувајќи се на израелски медиуми. Сепак, за овие информации засега нема официјална потврда од Техеран.

Дополнителна неизвесност создава и здравствената состојба на Хамнеи, кој беше ранет во нападот во кој загина неговиот татко, поранешниот врховен лидер Али Хамнеи. Иранскиот министер за надворешни работи потврди дека тој е повреден, но дека е безбеден и „оперативен“. Сепак, дел од медиумите тврдат дека состојбата е сериозна и дека постои неизвесност околу тоа кој во моментов управува со државата.

Сомнежите дополнително се зголемија откако сите јавни обраќања на Хамнеи беа испратени во писмена форма, по извештаите дека се наоѓал во кома.

Конфузијата околу наводните контакти меѓу Техеран и Вашингтон ја продлабочи и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека по разговорите со Иран одлучил да го суспендира бомбардирањето на иранските енергетски објекти за пет дена.

Од друга страна, официјален Техеран остро ги демантираше овие тврдења, наведувајќи дека не биле водени никакви разговори со американската страна.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран