УТРО.мк

Скандалот со боледувањата се шири – сомнежи за нови злоупотреби

Скандалот со боледувањата се шири – сомнежи за нови злоупотреби
Vero

Организацијата на работодавачи на Македонија предупредува на честите повторувачки боледувања кај истите вработени и предлага засилена контрола на издавањето боледувања од матичните лекари. Според нив, некои вработени земаат кратки боледувања едноподруго, со различни дијагнози, што создава финансиски и кадровски товар за компаниите.

Истражувањето спроведено во ноември 2025 година, опфатило 74 компании од сите региони во земјата. Резултатите покажуваат дека во многу фирми дел од вработените редат кратки боледувања, најчесто до 15 дена, а во некои случаи се прават паузи од еден до три дена меѓу боледувањата за да трошокот остане на работодавачот, наместо на Фондот за здравствено осигурување.

Според анкетата, околу 39% од компаниите често забележуваат повторувачки боледувања кај истите лица, а 32% понекогаш се соочуваат со вакви случаи. Долгите боледувања над 15 дена се значително поретки и главно се одобруваат од лекарските комисии на Фондот.

Работодавачите предлагаат воведување на второ мислење за сомнителни боледувања, казни за злоупотреби и ограничување на отсуствата отворени само по телефонски преглед. Исто така, се предлага товарот за нега на дете да биде префрлен на Фондот, за да се намали притисокот врз компаниите.

Целта на препораките е да се намали товарот за компаниите, да се зголеми ефикасноста и довербата во системот на боледувања и да се спречи потенцијална злоупотреба.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран