УТРО.мк

Дополнително намалени цените на дизелот – нови цени од полноќ

Дополнително намалени цените на дизелот – нови цени од полноќ
Vero

Дизел-горивото на „Макпетрол“ од вечерва по полноќ ќе се продава по цена пониска за три денари во однос на онаа утврдена од Регулаторната комисија за енергетика. Компанијата веќе од вчера направи намалување од два денари, а со новата корекција вкупното поевтинување достигнува три денари по литар.

Со последната промена, цената на дизел-горивото ќе изнесува 92,5 денари за литар.

Намалување има и кај дел од останатите горива. Еуросупер БС-95 на бензинските станици на „Макпетрол“ ќе се продава за 84,5 денари по литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 86,5 денари за литар, што е пониско во однос на цените утврдени од регулаторот.

Регулаторната комисија за енергетика вчера ги објави референтните цени, според кои Еуросупер БС-95 изнесува 86,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 е 88,50 денари, додека Еуродизел БС е утврден на 95,50 денари за литар.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран