
Патнички авион со вкупно 15 лица – 13 патници и двајца членови на екипажот – исчезна во близина на границата меѓу Колумбија и Венецуела, пренесува АФП.
Леталото полетало од пограничниот град Кукута, но контактот со контролната кула бил изгубен кратко пред планираното слетување во градот Окања.



























