УТРО.мк

ЕК предлага укинување на биодизелот од соја поради штетно влијание врз климата

ЕК предлага укинување на биодизелот од соја поради штетно влијание врз климата
Vero

Европската комисија подготвува регулатива со која горивото произведено од соја, што најчесто се користи како биодизел, ќе биде класифицирано како гориво со висок ризик за животната средина. Со тоа, нафтените компании повеќе нема да можат соиното масло да го прикажуваат како обновлив извор за исполнување на целите за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Предлогот предвидува постепено укинување на ваквите горива, при што нивниот удел во вкупната потрошувачка треба да се намали на нула до 2030 година. Фокусот е ставен на култури кои се одгледуваат на сметка на шумите и другите природни подрачја важни за складирање на јаглерод.

Досега, ограничувањата се однесуваа главно на палминото масло, поврзано со уништување на тропските шуми во Југоисточна Азија. Новите анализи покажуваат дека и одгледувањето соја има сериозни негативни последици, особено поради масовното производство во САД, Бразил и Аргентина, каде што се зафаќаат огромни природни површини, пишува Revija HAK.

„Биогоривата направени од соја се двојно полоши за планетата од фосилниот дизел“, изјави Сиан Делани од организацијата „Транспорт и животна средина“.

Потегот на Европската унија беше поздравен и од Германското здружение за заштита на животната средина (DUH), кое побара брза примена на мерките. Според студија нарачана од здружението, биодизелот често има исто или дури поголемо негативно влијание врз климата од фосилниот дизел, објави „Дер Шпигел“.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран