УТРО.мк

Поранешен советник на Пентангон: “Се обидуваат да ја уништат Русија – но треба да се направи само едно нешто”

Поранешен советник на Пентангон: “Се обидуваат да ја уништат Русија – но треба да се направи само едно нешто”
Vero

Поранешниот советник во Пентагон, пензионираниот американски полковник Даглас Мекрегор, изјави дека дејствијата на Вашингтон и понатаму се мотивирани со желба да се разбиe Русија.

Мекрегор во интервју за подкастот на Глен Дизен рече дека има впечаток оти САД немаат стратегија.

„Едноставно ја нема. Освен што се повеќе се турка НАТО наназад и да се разори и уништи Русија – за тоа многупати се разговараше и за време на мојот мандат“, наведе Мекрегор, пренесе руската агенција RIA Novosti.

„Но, знаете, ние мораме да ги обновиме добрите односи со Русија. Треба да се вратиме на улогата на научна и индустриска сила, да го подобриме животниот стандард и да се извлечеме од пропаста во која паднавме. Затоа навистина верувам дека Русите всушност зазедоа исправен став“, додаде тој.

Според неговото мислење, сегашниот американски пристап во голема мера го одредува надворешно-политичкото делување на Вашингтон во многу региони.

Во тој контекст, Мекрегор посебно го спомна и случајот со Венецуела, стратегиски партнер на Москва.

„Ако ги провоцираме Русите во Венецуела, останатите земји од Латинска Америка ќе го следат тоа со внимание. И ако тоа го направиме и Русија одговори, тоа би можело да доведе до брзо обединување на многу латиноамерикански држави со Русија против нас“, заклучи тој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран