Американскиот претседател Доналд Трамп ја нареди подготовката на Пентагон за можна воена акција во Нигерија, поради нападите на радикални исламски групи врз христијаните, пренесува CNN. Информацијата дојде откако Трамп додека летал кон Флорида гледал телевизиски прилог за масовните убиства на христијани.
Трамп на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека христијанството во Нигерија се соочува со егзистенцијална закана и ја прогласи земјата за „земја од посебна загриженост“. Тој директно го повикал министерот за одбрана да се подготви за можна акција, вклучувајќи и ставање американски војници на терен.
Пентагон и AFRICOM се изненадени од наредбата и брзо се собраа за да разгледаат можни сценарија. Министерот за одбрана потврди дека Пентагон е подготвен за акција, додека Трамп истакна дека можат да бидат разгледани и воздушни напади.
Оваа одлука предизвика реакција и кај нигериската влада и во американските воени кругови.































