УТРО.мк

Порака до Трамп: Само ако нè допрете

Порака до Трамп: Само ако нè допрете
Vero

Претседателот на Венецуела и лидер на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (PSUV), Николас Мадуро, ги повика револуционерните сили и народите на Латинска Америка на „долготраен континентален отпор против американскиот империјализам“.

Говорејќи на пленарната седница на 5. конгрес на PSUV и 4. конгрес на младината на партијата (JPSUV), одржан во театарот „Симон Боливар“ во Каракас, Мадуро се повика на наследството на поранешниот претседател Хуго Чавес и ги критикуваше интервенционистичките политики на империјалистичките сили.

„Денес во империјализмот нема разумни, логични умови“, рече Мадуро, нагласувајќи дека „психолошката и когнитивната војна“ спречува многу земји да ја разберат решителноста на Венецуела да остане слободна и независна нација.

Тој предупреди дека секој напад врз Венецуела би предизвикал единствен одговор од целиот регион:

„Ако се допре Венецуела, тоа ќе биде гласот на Обединетиот народ, на цела Латинска Америка и Карибите – единствен глас на народен и долготраен отпор.“

На крајот, Мадуро ги повика граѓаните и револуционерните сили да стојат цврсто, за Венецуела да остане неосвојива земја, недопирлива во своето достоинство, територијален интегритет и право на независност.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран