УТРО.мк

Поплави ја пустошат Каталонија: пороите носат автомобили, жителите заробени во возила

Поплави ја пустошат Каталонија: пороите носат автомобили, жителите заробени во возила
Vero

Североисточниот дел на Шпанија, особено регионот Каталонија, е зафатен од катастрофални поплави предизвикани од поројни дождови што за кратко време предизвикаа хаос и голема материјална штета. Според локалните власти, десетици луѓе останале заробени во своите автомобили, а спасувачките екипи се на терен и се обидуваат да ги евакуираат.

На социјалните мрежи се појавија бројни видеа на кои се гледаат силни водени струи што носат автомобили, контејнери и отпад низ улиците на градовите Ла Рапита и Санта Барбара, во покраината Тарагона.

Националната метеоролошка агенција на Шпанија (AEMET) прогласи највисоко ниво на тревога во крајбрежните делови на Каталонија, предупредувајќи на можност од нови поројни дождови и поплави. Засега нема пријавени жртви или повредени, но штетите се значителни.

Каталонската агенција за цивилна заштита ги повика жителите на делтата на реката Ебро да не излегуваат од домовите, откако метеоролозите предупредија дека во наредните 12 часа може да наврнат и до 180 милиметри дожд.

Поплавите целосно го прекинаа железничкиот сообраќај меѓу Барселона и Валенсија долж медитеранскиот коридор, а повеќе патишта се непроодни.

Силното невреме, предизвикано од бурата Алис, која се формираше над западниот Медитеран, донесе екстремни врнежи и ветрови и во други делови на југоисточна Шпанија, вклучувајќи ги и Балеарските Острови, каде што се пријавени големи материјални штети.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран