УТРО.мк

Ова се условите на Иран за отворање на Ормускиот теснец

Ова се условите на Иран за отворање на Ормускиот теснец
Vero

Иран испрати јасен одговор на ултиматумот на американскиот претседател Доналд Трамп, најавувајќи дека повторното отворање на Ормуската теснина ќе биде условено со воведување нов режим и компензација за, како што тврди, претрпените штети.

Според информациите на ДПА, ирански претставници нагласиле дека виталниот морски премин ќе биде повторно достапен само доколку дел од приходите од транзит се насочат кон надоместување на штетите од конфликтот.

Мехди Табатабаеи, службеник за комуникации во кабинетот на иранскиот претседател, преку социјалните мрежи порача дека новиот правен режим ќе подразбира наплата за користење на теснината, што претставува значајна промена во досегашната практика.

Во меѓувреме, Исламска револуционерна гарда соопшти дека преминот нема да се врати во претходната состојба, особено кога станува збор за САД и Израел, потенцирајќи дека Техеран има целосна контрола врз оваа стратешка точка.

Ормуската теснина, која претставува клучен коридор за глобалните испораки на нафта и гас, е од витално значење за светската економија, па секое ограничување на нејзината употреба предизвикува сериозна загриженост на меѓународно ниво.

Од друга страна, Трамп ја засили реториката, предупредувајќи дека Иран може да се соочи со напади врз инфраструктурата, вклучително и електрани и мостови, доколку не го испочитува рокот за отворање на теснината. Во објава на неговата платформа Truth Social, тој испрати остра порака до Техеран, дополнително зголемувајќи ги тензиите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран