
Неколку американски војници загинаа за време на операција за спасување на екипажот на соборен американски борбен авион на територија на Иран, објави иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на неименувани извори. Според истите информации, во инцидентот биле уништени и повеќе американски воени летала.
Кинеската телевизиска мрежа CGTN, исто така, пренесе дека има жртви меѓу американските сили, наведувајќи дека војниците загинале при обид за евакуација на екипажот од соборениот авион.
Според извештаите, повикувајќи се на извори блиски до Централната команда на САД (CENTCOM), не бил уништен само еден, туку два американски авиона, како и два хеликоптери од елитната 160-та воздушно-десантна единица на американската армија.
Засега нема официјална потврда од американските власти за овие информации, а околностите под кои се случил инцидентот остануваат нејасни. Настанот, доколку се потврди, би можел дополнително да ги зголеми тензиите во регионот.























