
Полицијата уапси маж од Штип кој го претепал татко си во дворот на семејната куќа. 64-годишниот маж завршил со тешки повреди.
– На 04.04.2026 во 21:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ѓ.Б.(35) од Штип, по претходна пријава дека околу 14:30 часот во двор од семејна куќа физички го нападнал неговиот 64-годишен татко и му нанел тешки телесни повреди, информираа од полицијата за овој случај.























