Трамп: Иран не смее да поседува нуклеарна бомба, се надевам на враќање кон преговори
Американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава за „Фокс њуз“, откри дека бил информиран за израелските напади врз Иран уште пред тие да се случат, при што ја повтори својата цврста позиција дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје.
„Иран не може да има нуклеарна бомба и се надеваме дека ќе се вратиме на преговарачката маса. Ќе видиме како ќе се развиваат работите“, изјави Трамп за американската телевизија.