Унгарскиот премиер Виктор Орбан во последните изјави оцени дека Украина „нема шанси“ да победи во војната против Русија, а продолжувањето на финансиската поддршка од ЕУ е „апсолутна лудост“. Орбан смета дека Европа треба да го формулира својот пристап кон Киев според европските интереси и дека не го интересира дали Москва ќе победи или изгуби.
Тој истакна дека финансиската помош за Украина „економски ја убива“ ЕУ и ги критикува европските лидери што, според него, намерно ја продолжуваат војната, надевајќи се на подобра преговарачка позиција. Орбан предложи прво САД да преговараат со Русија, а потоа Европа да отвори независен канал за комуникација и да се обиде да усогласи ставови.
Унгарскиот премиер смета дека поствоената безбедносна рамка за Украина треба да вклучува мирен договор, стабилизирање на границите и демилитаризирана зона. Тој предупредува дека, освен ако не се случи „чудо“, Русија по војната ќе продолжи да ја окупира областa Донецк, но отфрла стравувања дека Москва ќе нападне други европски или НАТО земји.
Орбан ја посочува иднината на европските народи и безбедносниот систем како главни приоритети, а не исходот од конфликтот за Русија.























