УТРО.мк

Обвинителството во Јужна Кореја бара смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук-јол

Обвинителството во Јужна Кореја бара смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук-јол
Vero

Јужнокорејските обвинители побараа смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук-јол, кој се соочува со обвинение за неуспешен обид за воведување на воена состојба. Судот во Сеул го слушаше финалниот збор по случајот против него, во кој обвинителите го обвинуваат Јун како „лидер на востание“.

Обвинението произлегува од неговиот потег во декември 2024 година, кога Јун објави воведување на воена состојба, што траеше само неколку часа, но ја доведе Јужна Кореја во сериозна политичка криза. По обидот, тој беше импичментиран од парламентот и ставен во притвор за да се соочи со судските процедури.

Јун ги негира обвиненијата, тврдејќи дека воведувањето на воена состојба било симболичен гест со цел да ја привлече вниманието на јавноста кон, како што рече, злоупотребите на опозициската партија. Обвинението за востание се казнува со смрт или доживотен затвор, а според јужнокорејското законодавство, обвинителството мора да предложи една од двете казни при вакво дело.

Иако при обидот никој не загинал, обвинителите тврдат дека намерите на Јун не биле помалку насилни. Во судот беше сослушан воен командант кој сведочеше дека Јун наредил апсење на пратеници. Како доказ беше презентирана белешка од еден од организаторите на планот, поранешен воен офицер, во која се предлага „ликвидирање“ на стотици лица, вклучувајќи новинари, синдикални активисти и пратеници.

Процесот против Јун е споен со случаите против двајца високи претставници на неговата администрација — поранешниот министер за одбрана Ким Јон-хјун и поранешниот началник на полицијата Чо Џи-хо. Судската пресуда и евентуалната казна, доколку Јун и другите обвинети бидат прогласени за виновни, се очекуваат во февруари.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран