
Информациите од Иран покажуваат дека владините мерки за задушување на масовните антивладини протести, кои траеја повеќе од две недели, можеби биле многу посмртоносни отколку што првично беше објавено, објави „Си-би-ес њуз“.
Два извори, еден од кои е од Иран, изјавија дека најмалку 12.000 луѓе биле убиени, а бројот можеби достигнува и до 20.000. Телефонските линии во земјата делумно се отворија, што овозможи првични информации од активистички групи и медицински работници.
Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Ивет Купер, изјави дека британската влада верува дека бројот на жртви е најмалку 2.000, но потенцијално може да биде многу поголем. Вистинскиот број е тешко да се потврди поради блокадата на интернет и телефонските линии во последните пет дена.
Протестите започнаа кон крајот на декември поради незадоволство од растот на трошоците за живот и слабата економија, ослабена од санкциите. Тие брзо се проширија низ сите 31 провинција, со десетици илјади демонстранти кои извикуваа антивладини слогани.



























