УТРО.мк

Американски морнар осуден на 16 години затвор за шпионажа во корист на Кина

Американски морнар осуден на 16 години затвор за шпионажа во корист на Кина
Vero

Федерален суд во Сан Диего го осуди 25-годишниот припадник на американската морнарица Јингчуо Веи на 200 месеци затвор, откако поротата го прогласи за виновен по шест кривични дела, меѓу кои и шпионажа. Тој добил повеќе од 12.000 долари за доверливите информации што ги продавал, соопшти Министерството за правда на САД, а пренесе Еј-Би-Си Њуз.

Веи, кој работел како инженер на амфибискиот јуришен брод „УСС Есекс“, беше уапсен во август 2023 година како дел од истрага за доставување чувствителни воени податоци на кинески разузнавачки структури. Во истиот случај беше обвинет и Венхенг Цао, кој во 2024 година беше осуден на повеќе од две години затвор откако се изјасни за виновен за заговор и примање поткуп.

Според обвинителството, Веи бил регрутиран во 2022 година преку социјалните мрежи од лице кое се претставувало како љубител на поморството и вработен во кинеска државна корпорација за бродоградба, а всушност било разузнавачки офицер. Иако самиот се сомневал во неговиот идентитет и бил предупреден од пријател, Веи продолжил да комуницира со него преку шифрирани апликации.

Во период од околу 18 месеци, тој испраќал фотографии и видеа од „УСС Есекс“, информации за локацијата на американски воени бродови, како и податоци за одбранбените системи на пловилото. Покрај тоа, продал околу 60 технички и оперативни прирачници, кои содржеле чувствителни информации за контрола на оружје, авиони и палубни системи.

Американските власти предупредуваат дека ваквите случаи се дел од поширока закана од странска шпионажа, особено од страна на Кина, која, според нив, со години се обидува да дојде до доверливи воени и технолошки податоци.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран