
Безбедноста на медиумските работници во Германија е во растечки ризик, предупреди организацијата „Репортери без граници“ (RSF). Според нивниот најнов извештај, поделеното општество и жестоките политички конфликти ја прават професијата новинар поопасна од порано.
Демонстрациите, особено оние организирани од екстремно десничарски групи, претставуваат посебна закана за медиумските екипи. Новинарите се изложени на вербални напади, закани, па дури и физичко насилство додека известуваат од местата на протестите. Иако помалку чести, биле регистрирани и инциденти со припадници на безбедносните сили или радикално левичарски кругови.
RSF потврди вкупно 55 напади врз новинари и редакции минатата година, додека во 2024 година овој број достигна 89, што покажува дека опасноста не исчезнува, туку се менува во форма и интензитет.
Според организацијата, ситуацијата дополнително се влошува на протестите во поддршка на Палестинците, каде улогата на полицијата и границите на слободата на медиумите често предизвикуваат контроверзии. Новинари биле предмет на лични напади и кампањи за клевета на интернет, особено во дебатите за тоа каде завршува критиката кон израелската влада и каде почнува антисемитизмот.























