
Студеното утро денеска го разбуди целиот северен и источен дел на Македонија. На термометрите во Берово, Попова Шапка, Пожаране и Маврови Анови температурата се спушти до нула степени, додека јужните градови како Гевгелија, Штип и Демир Капија уживаа малку поумерен старт на денот со седум степени Целзиусови.























