УТРО.мк

Започна постапката за прогласување на Белчишко Блато за Парк на природа

Започна постапката за прогласување на Белчишко Блато за Парк на природа
Vero

Министерството за животна средина и просторно планирање официјално ја започна постапката за донесување на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.

Белчишко Блато, лоцирано во општина Дебрца, претставува значајно влажно живеалиште со висока биолошка разновидност. Подрачјето е важно за зачувување на ретки и загрозени растителни и животински видови, како на национално, така и на ниво на Европската унија. Исто така, ова подрачје има значајна улога во одржување на природната рамнотежа и екосистемските услуги во регионот. Белчишко Блато веќе е идентификувано како идно Натура 2000 подрачје.

Во рамките на постапката за донесување на Законот се предвидени јавни консултации со граѓаните и засегнатите страни. Јавното известување е објавено на интернет страницата на Министерството (www.moepp.gov.mk) и на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) на РСМ (http://www.ener.gov.mk/).

Граѓаните и организациите имаат можност да достават коментари, мислења и предлози во рок од 20 дена од денот на објавувањето на предлог Законот. Дополнително, Министерството најавува дека во текот на постапката може да се организираат и директни консултации, состаноци со засегнатите страни, како и јавна расправа доколку се утврди потреба.

Забелешки и предлози може да се испраќаат електронски на e-mail адресите на:

Исто така, мислења можат да се дадат и преку веб порталот на ЕНЕР.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран