УТРО.мк

АВМУ со реакција по смртните закани кон новинарот Видиновски

АВМУ со реакција по смртните закани кон новинарот Видиновски
Vero

Нападите и заканите упатени кон новинарот на „Канал 5“, Александар Видиновски, по неговата објава на социјалните мрежи за непрописно паркирани возила пред Амбасадата на Република Бугарија, ги алармираат медиумските и јавните институции.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) оцени дека ваквите постапки се директен напад врз безбедноста на новинарите и сериозна закана за слободата на изразување, како и за правото на граѓаните да добиваат навремени и точни информации.

„Новинарите имаат неприкосновено право да известуваат за прашања од јавен интерес без страв од закани, омаловажување или насилство“ нагласуваат од АВМУ.

Особено загрижувачки се смртните закани кон Видиновски, кои според Агенцијата претставуваат кривично дело и бараат брза и решителна реакција од надлежните институции.

„Очекуваме институциите да интервенираат со целосна сериозност и да обезбедат заштита на новинарите. Ваквите напади треба да испратат јасна порака дека заканите, говорот на омраза и онлајн-насилството кон медиумските работници се недозволиви“ велат од АВМУ.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран