
Во координирана полициска акција спроведена на 3 и 4 февруари 2026 година, СВР Скопје изврши низа контроли на повеќе точки низ главниот град, при што беа лишени од слобода осум лица затекнати со наркотични средства.
Меѓу приведените има и полнолетни и малолетни лица. Станува збор за А.Л. (24), А.А. (32), А.А. (38), Д.И. (18), А.М. (35), како и 17-годишно момче и 16-годишна девојка, сите жители на Скопје. Дополнително, во акцијата е приведен и А.К. (45) од селото Морани, во општина Студеничани.
При извршените проверки, полициските службеници кај лицата пронашле и одзеле прашкаста материја и марихуана, за кои постои сомневање дека се наменети за незаконска употреба.























