УТРО.мк

Тешка сообраќајна несреќа кај Куманово: Пет лица повредени, еден возач бил без дозвола

Тешка сообраќајна несреќа кај Куманово: Пет лица повредени, еден возач бил без дозвола
Vero

Во тешка сообраќајна несреќа во кумановскиот регион, откако две патнички се судрија на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Љубодраг. Во инцидентот има пет повредени лица, а еден од возачите бил зад волан без возачка дозвола.

Несреќата била пријавена на 3 февруари 2026 година околу 10:55 часот во СВР Куманово. Според првичните информации, во судирот учествувале „ауди“ управувано од 47-годишниот М.А. од Љубодраг и „шкода“ што ја возел 51-годишниот Б.С. од Куманово, двете со кумановски регистарски таблички.

Најтешко повреден е возачот на „шкодата“, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен на лекување. Со телесни повреди се и неговите двајца сопатници – Т.Р. од Куманово и М.Ј. од селото Черкези, како и возачот на „аудито“ и неговата сопатничка О.Ц. од Куманово.

По извршениот увид на местото на настанот, полициската екипа утврдила дека возачот на „шкодата“ го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран