
Денес владината делегација, на чело со премиерот Христијан Мицкоски, го одбележа роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев со посета на неговиот гроб, каде положи цвеќе и оддаде почит на делото и животот на великанот.
Во своето обраќање, Мицкоски потенцираше дека борбата на Делчев за независна македонска држава била епска и дека тој прерано го изгубил својот живот на само 31 година. „Имаше уште многу што да каже доколку преживеел, но за жал не успеал повеќе од 31 година да живее и го положува својот живот повторно со идеалите за македонската држава“, рече премиерот.






















