УТРО.мк

Мицкоски најавува реакција на полицијата за протестите во Битолско: „Закани и дивеење нема да се толерираат“

Мицкоски најавува реакција на полицијата за протестите во Битолско: „Закани и дивеење нема да се толерираат“
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека државата нема да толерира закани и нарушување на јавниот ред, коментирајќи го вчерашниот протест на Ромите во Битолско.

„Разговарав утрово со министерот за внатрешни работи и побарав секој кој го прекршил законот, упатил закана или загрозил безбедност на граѓаните да биде соодветно санкциониран. Ваквото дивеење што се случи вчера не смее да се повтори“, изјави Мицкоски.

Вчерашниот протест, организиран од страна на Ромската заедница, се одвиваше со палење на гуми и блокада на патишта. Демонстрантите се закануваа со насилство откако полицијата им одзела возила бидејќи управувале без положен возачки испит.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран