УТРО.мк

Откриен автентичен шифриран документ од Гоце Делчев

Откриен автентичен шифриран документ од Гоце Делчев
Vero

Денес се навршуваат 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, еден од најголемите македонски револуционери и визионери.
По повод овој светол ден од македонската историја, би сакале да ви презентираме автентичен и оригинален документ напишан од самиот Гоце Делчев.

Ова е шифрирана азбука со која Делчев контактирал со четите околу снабдувањето со оружје и движењето низ населените места во Македонија.
Со оваа азбука се обезбедувала тајноста на комуникацијата, а нејзината употреба претставува доказ за високата организациска способност и стратегиска мисла на македонското револуционерно движење.

Преку ваквите документи денес можеме да ја почувствуваме живата врска со минатото и да ја разбереме големината на борбата за слобода и независност. Гоце Делчев не бил само борец со оружје, туку и интелектуалец кој знаел дека силата на народот лежи во знаењето, дисциплината и единството.

Извор: Државен Архив на Македонија

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран