УТРО.мк

Mинистерот Хоџа се сретна со амбасадорката Дрекслер: Поддршката на Германија клучна за енергетската транзиција во регионот

Mинистерот Хоџа се сретна со амбасадорката Дрекслер: Поддршката на Германија клучна за енергетската транзиција во регионот
Vero

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, при што изрази благодарност за континуираната поддршка на Германија во спроведувањето на Зелената агенда на Западен Балкан.

„Во време на сериозни глобални предизвици, особено енергетската криза и климатските промени, поддршката на Германија е клучен столб за заштита на ранливите категории на население, стабилизација на енергетскиот сектор и забрзување на транзицијата кон модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем“, истакна министерот Хоџа.

Тој посочи дека соработката со Германија, преку Европската комисија и европските финансиски институции, обезбедува значајни инвестиции во чиста и одржлива енергија, што ја зајакнува енергетската безбедност и еколошката отпорност на регионот.

Амбасадорката Дрекслер ја потврди посветеноста на Германија за поддршка на енергетската транзиција во Западен Балкан, што беше дополнително потврдено на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана. Тогаш беше потпишана и Заедничката декларација за намера за Регионално климатско партнерство меѓу лидерите на шесте земји од Западен Балкан и Германија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран