УТРО.мк

Законот за заштита од пушење ги приморува трговците да набават нови витрини, во спротивно следуваат казни до 5.000 евра

Законот за заштита од пушење ги приморува трговците да набават нови витрини, во спротивно следуваат казни до 5.000 евра
Vero

Дуќанџиите, сопствениците на маркети и трафики се соочуваат со нов, непланиран удар врз нивните буџети. Од 1 март, со стапувањето на сила на Законот за заштита од пушење, тие ќе мора итно да инвестираат во нови шкафови и витрини за складирање на тутунските производи – или ќе се соочат со високи казни.

Новите регулативи строго забрануваат изложување на цигари и други тутунски производи на потрошувачите. „Производите мора да се чуваат во затворени шкафови, кои не се визуелно достапни. Шкафовите не смеат да имаат надворешно осветлување и треба да бидат во боја што не привлекува внимание“, наведува предлог-законот.

За трговците, ова значи огромен и непланиран трошок. Многумина неодамна инвестирале во реновирање на објектите и поставување на витрини и безбедносна опрема, кои сега стануваат практично бескорисни. „Вложивме големи суми, дел од нив преку кредити, и сега ни се одземаат инвестициите. За многу семејства ова е прашање егзистенција“, велат трговците на мало.

Додатно, казните се високи: одговорните лица во маркетите ќе бидат казнети со 1.500 до 2.000 евра, а компаниите – во зависност од големината – од 3.000 до 5.000 евра.

Стравот од финансиски колапс веќе се манифестира. Трговците предупредуваат дека ќе бидат принудени да отпуштат вработени, а некои семејни бизниси се соочуваат со вистинска закана за опстанок. Договорите со добавувачи, кои се сеуште активни, ќе мора да се откажат, а брендирањето и уредувањето на продажните простори ќе треба да се менува преку ноќ.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран