УТРО.мк

Народна Банка: Инфлацијата забавува, економијата умерено забрзува, девизните резерви сигурни

Народна Банка: Инфлацијата забавува, економијата умерено забрзува, девизните резерви сигурни
Vero

Последниот квартален извештај на Народната банка покажува стабилни макроекономски показатели и очекувано забавување на инфлацијата, додека домашната економска активност бележи умерен раст.

Во четвртото тримесечје од 2025 година, годишната инфлација изнесувала 4,2%, што ја потврдува тенденцијата на постепено забавување. За целата година, просечната инфлација се движела околу 4,1%, близу до октомвриските проекции на Народната банка. Според очекувањата, во 2026 година и на среден рок инфлацијата ќе продолжи да се намалува и постепено ќе се враќа кон историскиот просек.

Советот на Народната банка оценува дека ризиците за идната економска стабилност сѐ уште постојат. Најголемите извори на неизвесност доаѓаат од глобалните цени на примарните производи, геополитичките тензии, трговската фрагментација, како и од домашни фактори кои влијаат врз побарувачката.

Домашната економија забрзува. Основното сценарио предвидува дека растот на БДП за 2025 година ќе изнесува 3,5%, над нивото од 3,0% забележано во 2024 година. За 2026 година и на среден рок, економскиот раст се очекува да се зајакне до 4,0%.

Банкарскиот сектор продолжува со солидна поддршка на економијата. Кредитите во четвртиот квартал забележале годишен раст од 13%, додека депозитите се зголемиле за 10%, малку над проекциите за крајот на 2025 година. Девизните резерви достигнале 4,92 милијарди евра, обезбедувајќи стабилна основа за одржување на вредноста на домашната валута.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран