УТРО.мк

Нови правила за возачите во Европската Унија

Нови правила за возачите во Европската Унија
Vero

Од 2028 година, возачите со Б категорија во Европа ќе можат да управуваат возила со тежина до 4,25 тони, објави Феникс магазин. Според актуелните правила, дозволата за Б категорија овозможува управување со моторни возила до 3,5 тони и со најмногу осум седишта, без да се смета седиштето на возачот.

Новите правила ќе важат само за возачите кои го положиле возачкиот испит по 1999 година и се дел од ревидираната Директива на ЕУ за возачки дозволи, усвоена во 2023 година. Земјите-членки имаат рок од 10 години да ги имплементираат новите мерки, а Германија најави дека тие нема да стапат на сила пред 2028 година. Не е исклучена можноста за дополнителни барања, како задолжителна обука или посебен испит.

Германскиот автоклуб ADAC смета дека оваа промена може да ги поттикне помладите генерации почесто да избираат кампер комбиња за патување. Трендот е веќе во пораст: во 2023 година регистрирани се 7% повеќе нови кампер комбиња, а бројот на пренос на сопственост се зголемил за 8%, според порталот „Focus Caravaning“.

Со овие измени, ЕУ се обидува да го балансира зголемувањето на достапноста на кампер-приколки со безбедносните стандарди, додека индустријата очекува нов бран интерес, особено меѓу помладите возачи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран