
Американското воено воздухопловство објави нови фотографии од стелт-бомбардерот B-21 Raider, кои за првпат откриваат досега невидени детали од неговиот изглед и технологија.
На снимките може да се забележат клучни елементи од горниот дел на леталото, како усисниците за воздух, ознаките околу кокпитот и специјалниот систем за движење по површината. Посебно внимание привлекува новиот систем за дополна на гориво во воздух, кој користи дводелен механизам, за разлика од постариот бомбардер B-2 Spirit.
Според информациите, на 14 април 2026 година бомбардерот успешно извршил дополна на гориво во воздух со танкерот KC-135 Stratotanker, во рамки на тестирањата во воена база во Калифорнија.
Од американското воено воздухопловство велат дека B-21 троши значително помалку гориво од претходните генерации, што значи поголема автономија и помала зависност од дополнителна логистика во воздух.























