УТРО.мк

ЈКП „Водовод“ Битола со втора смена за побрзо отчитување на водомерите

ЈКП „Водовод“ Битола со втора смена за побрзо отчитување на водомерите
Vero

ЈКП „Водовод“ Битола ги информира граѓаните дека во наредниот период инкасантската служба ќе работи и во втора смена, со цел да се обезбеди навремено и прецизно отчитување на водомерите.

Од претпријатието посочуваат дека оваа мерка се воведува за да се зголеми контролата врз потрошувачката на вода и да се подобри ефикасноста во услугите кон корисниците.

Воедно, од „Водовод“ апелираат до граѓаните да овозможат непречен пристап до водомерите, со цел отчитувањето да се изврши брзо и без дополнителни потешкотии.

Од претпријатието изразуваат благодарност за соработката и разбирањето од страна на корисниците.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран