УТРО.мк

НАТО го тестира рускиот претседател Владимир Путин – еве што го очекува

НАТО го тестира рускиот претседател Владимир Путин – еве што го очекува
Vero

НАТО: Средбата Трамп–Путин ќе биде тест за рускиот лидер

Планираниот состанок меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, ќе биде тест за Кремљ, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој нагласи дека Украина мора да биде вклучена во сите идни мировни преговори, доколку самитот на 15 август на Алјаска даде позитивен резултат.

„Кога станува збор за прекин на огнот, безбедносни гаранции и идниот статус на украинските територии, Украина ќе мора да биде дел од процесот. Во петок ќе се види колку Путин е сериозен“, изјави Руте за CBS News.

Тој истакна дека на Алјаска нема да се потпише мировен договор без учество на Киев, нарекувајќи го Путин „главна закана за западниот сојуз“. Според него, Трамп е подготвен да изврши силен притисок врз Москва за да ја прекине „бруталната војна во Украина“ и да се стави крај на големите човечки и материјални загуби.

Руте додаде дека Русија нема да има збор за идниот геостратешки статус на Украина, нејзината војска или присуството на НАТО на источниот фронт.

Полскиот министер за одбрана, Владислав Косиниак-Камиш, изјави дека е можно украинскиот претседател Володимир Зеленски да присуствува на средбата Трамп–Путин, што, според него, би било „најдобро решение“.

Во заедничко соопштение, лидерите на нордиските и балтичките држави ја поздравија иницијативата на Трамп за завршување на војната, но порачаа дека дипломатското решение мора да ги заштити виталните интереси на Украина и Европа. Тие нагласија дека преговорите можат да се одвиваат само по воспоставување на прекин на огнот и дека „не може да има одлуки за Украина без Украина, ниту одлуки за Европа без Европа“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран