УТРО.мк

На северот на Европа се подготвуваат за можен руски напад: Стратешкиот остров го претвораат во тврдина

На северот на Европа се подготвуваат за можен руски напад: Стратешкиот остров го претвораат во тврдина
Vero

Шведска интензивно ја засилува одбраната на островот Готланд, кој се смета за една од најважните стратешки точки во Балтичкото Море. Островот, на кој живеат околу 61.000 жители, се наоѓа на околу 275 километри од руската ексклава Калининград и има клучно значење за безбедноста на регионот и на НАТО.

Командантот на шведските сили на Готланд, полковникот Андреас Густафсон, изјави дека контролата врз островот значи контрола врз голем дел од Балтичкото Море.

„Ако го контролирате Готланд, го контролирате и Балтичкото Море. Затоа мора да ја задржиме контролата врз островот, не само за Шведска, туку и за НАТО“, изјави тој за „Гардијан“.

По затворањето на последниот воен гарнизон во 2005 година, шведската армија повторно воспостави воено присуство на островот во 2018 година. По руската инвазија врз Украина во 2022 година, процесот на зајакнување на одбраната дополнително се забрза, а по членството на Шведска во НАТО, Готланд редовно е домаќин на сојузнички воени вежби.

Паралелно со јакнењето на војската, Шведска ги зголеми и издвојувањата за одбрана. Годинава тие изнесуваат 2,8 проценти од БДП, а од 2028 година се планира да достигнат 3,1 процент. Проширен е и системот на задолжителен воен рок со цел да се обучат повеќе војници.

Сепак, според Густафсон, големата побарувачка за воена опрема во земјите-членки на НАТО го отежнува брзото набавување на нови системи, особено артилерија.

Иако шведската војска проценува дека непосредна опасност од класична воена инвазија во моментов е мала, предупредува дека шпионажата, саботажите и другите форми на хибридни закани претставуваат реален ризик. Особена загриженост постои поради можноста Русија, во случај на прекин на војната во Украина, да прераспредели дел од своите сили кон Финска и балтичките земји.

Во рамките на националните одбранбени планови за периодот 2025–2030 година, ненадеен напад врз Готланд од воздух или од море е еден од сценаријата за кои се подготвуваат посебни одбранбени мерки.

Освен во воените капацитети, Шведска инвестира и во цивилната подготвеност. На Готланд се организираат локални групи за кризна подготвеност, се прават планови за снабдување со вода, храна и електрична енергија, а подоцна оваа година е планирана и голема вежба за евакуација на стотици жители.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin