Молдавскиот оператор за пренос на електрична енергија „Молделектрика“ се соочува со сериозни потешкотии поради масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура, кои синоќа предизвикаа прекини и преоптоварување на системите во регионот.
Според соопштението на операторот, голема електрана била исклучена, а интерконекциите со Украина и Романија достигнале критични нивоа. Поради надминување на планираниот проток, Молдавија побара итна помош од Романија за стабилизирање на мрежата, објави „Ле Монд“.
Русија синоќа ги нападна регионите Чернихив, Запорожје, Лвов и Дњепропетровск, таргетирајќи клучни објекти од украинската енергетска мрежа. Украинското Министерство за енергетика соопшти дека повеќе области – меѓу кои Киев, Лвов, Одеса, Чернигов, Запорожје, Днепропетровск и Николаев – претрпеле прекини во снабдувањето со струја.
Руското Министерство за одбрана тврди дека мета биле компании од украинскиот воено-индустриски комплекс, инфраструктура која „го поддржува неговото функционирање“, како и пристанишни објекти што се користат „во интерес на вооружените сили на Украина“.



























